Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

150 китови се насукаа на австралискиот брег, најголем дел угинале

0
By Нова ТВ on March 23, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 23, 2018 13:31

Околу 150 китови се насукаа на плажата Хамилин Беј во Австралија, 300 километри јужно од Перт. Китовите, разно изутринава по локално време, ги забележал рибар и веднаш ги повикал службите за спасување.

Одделот за паркови и дива фауна на државата Западна Австралија извести дека нивните вработени вложуваат напори да спасат 15 китови, кои се уште не угинале. Воедно, тие го предупредија локалното население дека насуканите китови можат да привлечат ајкули, поради што и заливот е затворен за јавност.

– Повеќето китови се насукале на копното во текот на ноќта. Не преживеаја, изјави Џереми Чик од Одделот за паркови и дива фауна. Тој појасни дека неговите колеги одреден период чекале дополнителни сили и соодветна опрема за да ги спасат преживеаните цицачи.

– Ветрот и евентуалниот дожд ќе го одредат моментот и местото на кое ќе се обидеме да ги вратиме во море, но многу е важна и силата и издржливоста на самите животни, вели Чик.

– Освен преживување на насуканите китови, главна цел ни е гарантирање на безбедноста на персоналот и доброволните кои работат на нивното спасување, истакна Чак.

Океанските китови со кратки перки (Globicephala macrorhynchus),најголеми во семејството делфини (Delphinindae) по китовите – убијци, живеат во тропските и субтропските води и ќесто пливаат во групи, и кога ќе се насукаат, тоа го прават масовно. Причините зошто тие се насукуваат се уште не се познати, иако постојат повеќе теории на таа тема.

Најчесто се движат во длабоките води, а дел од научниците веруваат дека постои поврзаност на насукувањето со инфекциите и паразитите кои влијаат на работата на нивниот мозок и ин штети на оријентацијата во морињата.

Најголемото насукување во Австралија се случи во 1996 година, кога на плажите во Западна Австралија се насукаа 320 црни китови, од кои само 20 преживеаја.

Австралија Китови насукување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.