Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.216 тестови, а регистрирани се 185 нови случаи на КОВИД-19. Сликата по градови е следна:
Скопје – 114, Битола – 29, Кавадарци – 9, Прилеп, Велес, и Штип – по 4, Тетово и Охрид – по 3, Куманово, Гостивар, Неготино, Радовиш и Делчево – по 2, Струмица, Гевгелија, Виница, Кратово и Крушево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни 185, регистрирани се 28 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.
Бројот на активни случаи изнесува 1172.