Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

2017 година – најбезбедна во историјата на авио-сообраќајот

0
By Нова ТВ on January 3, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 3, 2018 18:47

Отсуството на авионска несреќа во 2017 година ја потврдува историската тенденција за постојано поборување на воздухопловната безбедност но идеалот на нула несреќи останува огромен предизвик во денешното небо по кое летаат се повеќе авиони.

Во 2017 година се случиле 10 несреќи на патнички авиони со повеќе од 14 патници во кои загинале 44 лица. Со тоа 2017 година “останува најбезбедната година во историјата на воздухопловството по бројот на несреќи и жртви”, објави денес АСН, Мрежата на воздухопловна безбедност.

Последната несреќа се случила на 28 ноември 2016 година со 71 жртва со падот на авион на боливиската компанија ЛаМиа во близина на Меделин во Колумбија и тоа поради недостиг на керозин.

Бројот на авионски несреќи е во постојано опаѓање повеќе децении но, експертите тврдат, дека тоа не значи и крај на авионски несреќи.

Но факт е дека се работи на се повеќе безбедност во авионскиот сообраќај во оваа индустрија која е изложена на терористички напади.

Според АСН, нови ризици се на хоризонтот како на пример бројните електрични апарати или литиум-ион батерии во куферите на патниците што можат да експлодираат.

Тука е и ризикот на огромниот раст на авионскиот сообраќај кој го поставува проблемот на менаџирање на аеродромите. Или новите метеролошки појави поради климатските промени.

Според АСН падот на несреќи е резултат на целиот процес на производството на авиони. Боинг 737 лета веќе 50 години а Ербас 30 и тие двајца производителите ги усовршуваат новите технологии.

Авионските несреќи можат да се вредат во три категории: удирање во воздухот, губење контрола на летање и излегување од писта.

Првиот ризик е речиси исчезнат поради усовршувањето на системот на предупредување ГПВС (GPWS (ground proximity warning system)) кој му дозволува на екипажот да избегне несреќа.

Според Жерар Легофр, независен експерт во аеронаутика, напредокот на технологија денес многу им помага на пилотите, изјавил тој за агенцијата АФП. Но, тој тврди дека напорите мораат да продолжат особено во некои земји во Азија и Африка каде што се појавуваат нови авиокомпании и немаат авиони снадбени со последната технологија па купуваат авиони од втора или трета рака. Некои од овие компании веќе се на “црните листи” на ЕУ и на САД. Пилотите исто така треба да можат да напишат објективен извештај за леталото што го користече и да не стравуваат од санкции ако ја кажат вистината.

Светскиот авионски сообраќај ќе достигне 7,8 милијарди патници во 2036 година што значи двојно во однос на 2017 година, тврди ИАТА Асоцијацијата за меѓународен авио транспорт.

Претседателот Доналд Трамп сакаше да ја искористи оваа добра вест за сопствена промоција. Тој во вторникот твитна дека 2017-та година била најбезбедната година во комерцијалната авионска индустрија.

„Бев многу строг во врска со комерцијалната авијација. Добра вест е што имало „нула“ смртни случаи во 2017-та година, што ја прави најдобра и најбезбедна годината!“ напиша на Твитер.

Но, агенцијата Асошиетед прес посочува дека нема некои нови големи правила во полето на безбедноста на авиоиндустријата воведени откако Трамп влегов во Белата куќа во 2017-та година.

авиосообраќај безбедност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.