Почетокот на летото научниците го поврзаа со климатските промени и сметаат дека повеќе од милијарда луѓе во Индија и во соседен Пакистан се изложени на некој начин на екстремна жештина, објавува Ројтерс.

Индиската западна држава Махарашта регистрира 25 смртни случаи од топлотниот удар од крајот на март досега, што е најголем број на жртви последните 5 години, а температурата во оваа држава го надминува 40-иот степен.

– Причината за смртта на овие луѓе најверојатно е топлотен удар, изјавил Прадип Авате, здравствено официјално лице на Махараштра, за Ројтерс.