Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

27 април: Обвинетите Илиевски и Дамовски се откажаа од одбрана

0
By Нова ТВ on December 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 3, 2018 13:16

Со изведување материјални докази предложени од одбраната на обвинетиот Богдан Илиевски  денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

Кацарска повторно укажа дека одлуката на Судот останува иста во однос на доказите предложени по 21 август 2018 година.

Во судница се присутни сите обвинети, меѓу кои има пратеници, уметници, луѓе од собраниското обезбедување, вработени во МВР и граѓани.

Се пуштаа видео-снимки од говори на Богдан Илиевски пред Собранието на 27 април минатата година.
На почетокот од говорот обвинетиот Богдан Илиевски ги повикува насобраните граѓани „силно и бучно да ги потсетат пратениците во Собранието дека како што на сила седат внатре, може и на сила да излезат”.

Неговиот адвокат Дончо Наков укажа на фактот дека по тоа обраќање, толпата прави силна бука и никој од насобраните демонстранти не се упатува кон Собранието.

– Потоа се слуша дека толпата не ја повикува да влезе во Собранието, туку да слушнат нешто убаво и ја повикува следната говорничка Ивона Опетчевска Татарчевска, предвидена според програмата за протестите тој ден, вели адвокатот Наков.

Наведе дека потоа повторно без гестикулации и повикување, обвинетиот Илиевски, вели дека „ова ќе заврши на избори и секој што се обидува да направи државен удар ќе заврши неславно“.

– Од снимката се гледа дека никој од граѓаните, 22 минути по завршувањето на реченицата, за која обвинителството смета дека ги повикува граѓаните да влезат во Собранието, не влегол во Собранието, истакна адвокатот.

Обвинетиот Илиевски не даде одбрана.

Претходно, обвинетите Иван Цветановски и Борис Дамовски рекоа дека нема да изнесуваат одбрана.
Потоа, во судницата се изведуваа фотографии и снимки предложени од одбраната на обвинетиот Владо Јовановски.

Неговиот адвокат посочи дека дека од фотографиите се гледа со каква смиреност и во каква атмосфера без никакво насилство е обвинетиот Јовановски во собраниската пленарна сала.

– На снимката, посочи одбраната, се гледа како обвинетиот Владо Јовановски помага да се изнесе лице на кое му се слошило и излегува од Собранието.

Одбраната на Игор Дурловски нема докази и не даде исказ.

Судењето продолжи со исказ во неговата одбрана пред судот на обвинетиот Стефан Младеновски.

27.април Боградн Илиевски Борис Дамовски одбрана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.