Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

27 април: Од толпата се слуша „Убијте ги, гадови”

0
By Нова ТВ on November 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 12, 2018 17:43

Денешното рочиште за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година заврши со приложување на доказните материјали од вештачењето во Собранието.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и продолжува утре.

Во претпладневниот дел беше гледана видео-снимка од мобилниот телефон, што е одземен од обвинетиот Оливер Попоски.

Од видео-снимката направена со мобилниот телефон се гледа како толпата почнува да влегува во собранискиот прес-центар, каде се наоѓаат пратеници и дел од нивното обезбедување. Се слуша како присутните извикуваат „Убијте ги, гадови”, како и измешани пцости. На снимката се гледа како обвинетиот Игор Југ стои во средина на просторијата и два пати се фаќа за темно сив предмет што се наоѓа одзади на десната страна од неговите панталони.

Се забележува како лицата неколкупати фрлаат со сталаци и метални ногарки кон пратениците и луѓето околу нив, како и обвинетиот Поповски зборува со член на обезбедувањето на премиерот Зоран Заев, во тоа време пратеник.

На снимката се гледа пратеникот Зијадин Села и како со црвен чадор се удира кон местото каде што стои тој.  Потоа пратеникот се наведнува надолу и не се гледа, но се гледа замавнување со црвен чадор кон местото каде се наоѓа Села.

– Се гледаат повеќе лица на местото каде што стоеше пратеникот Села. Се гледа како лице со црвен чадор замавнува кон лице што не се гледа. Обвинетиот Јане Ченто го држи црвениот чадор, наведе обвинителката Вилма Русковска.

По одредено време се забележува Села со повреда на десната страна на челото.

Во попладневниот дел од денешното рочиште беа прикажани куси видеа, а потоа и фотографии од штетите направени во просториите на Собранието по „крвавиот четврток”.

Дамки од крв на подот, како и на делови од мебелот, искршени врати, бироа, маси, фотелји, разурнати ѕидови, дамки од обувки по ѕидовите, искршени камери и сталаци, расфрлени чанти, пари и лични документи, како и чаура од куршум, можеа да се забележат на видеата и фотографиите, што беа опишани од страна на обвинителката Вилма Русковска.

 

27.април снимки судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.