Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

28 април – Светски ден на безбедноста и здравјето при работа

0
By Нова ТВ on April 28, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светот го одбележува 28 Април како ден на безбедноста и здравјето при работа, а Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) порачува дека обезбедувањето на здравите и безбедни услови за работа за работниците се приоритет во нивниот ангажман.

„Безбедните услови во компаниите се основна претпоставка за непречено вршење на работните задачи на работниците, затоа што тие се гаранција за зачувување на животот и здравјето на работниците, подобрување на работењето и зголемување на продуктивноста на трудот во компаниите. Здравите и безбедни услови за работа се заедничка активност и трипартитно единство на сите социјални партнери во државата кои по пат на меѓусебно координирана акција треба да придонесат за унапредување на целокупниот систем за обезбедување сигурни и безбедни услови за работа“, велат од ССМ.

Потсетуваат дека по пат на социјален дијалог, со активно учество и на ССМ е донесена Националната стратегија за БЗР 2016–2020, како и Акцискиот план, а во државата функционира и Национален совет за БЗР како трипартитно експертско и советодавно тело за БЗР.

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) по повод 28 Април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа покренува иницијатива за садење 33 садници во чест на 33-те починати лица на своите работна места во земјава во 2018 година. Настанот е закажан за 11 часот во парк „Лисиче“ во населба „Аеродром“.

На настанот ќе присуствуваат членовите и партнерите на МЗЗПР, а ќе биде промовиран и редовниот Годишен извештај за случени несреќи на работните места за 2018 година. Во извештајот се опфатени бројот на потешки несреќи на работните места и загинати лица во 2018 година, поделени според работни дејности, локации, денови, месеци, пол, возраст, како и извори на информациите.

Права работа ССМ услови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.