Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

28 мај во знакот на Deep Purple, легендарниот бенд ќе одржи концерт во Скопје

0
By Соња Крамарска on May 12, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 12, 2022 15:33

Една од најголемите рокенрол групи на сите времиња „Дип парпл“ (Deep Purple) на 28 мај ќе настапи на стадионот на АРМ во Скопје, во организација на „Авалон продукција“.

Македонската и регионалната публика ќе може во живо да ги слушнат класиците: „Smoke on the water“, „Hush“, „Strange kind of woman“, „Woman from Tokyo“, „Knocking at your back door“, „Highway star“ и уште многу други хитови што го одбележаа петдецениското постоење на овој легендарен бенд.

Првиот човек на „Авалон“, Бобан Милошески денеска на прес-конференција во Скопје најавувајќи го концертот изјави дека без разлика што членовите на Deep Purple се веќе навлезени во седмата деценија од животот, тие само во последни три години имаат издадено два албуми.

„’Дип парпл’ е еден од најпродуктивните рок и метал бендови во последнава деценија, без разлика на тоа што имаат по 75 години, тие само во последните три години имаат издадено два албума. И треба да престанат да се делат бендовите на млади и на стари. Актуелен е бенд којшто има нов материјал и од таа гледна точка доаѓањето на ‘Дип парпл’, значи доаѓање на еден од најголемите светски рок бендови на сите времиња“, рече Милошески.

Deep Purple се меѓу големата петорка заедно со „Битлси“, „Ролингстоунс“, „Пинк Флојд“ и „Лед цепелин“. Ова е прв концерт, со кој ја отвораат претстојната сезона, а предгрупа на легендарниот бенд, ќе биде млад македонски бенд, кој ќе биде изненадување.

„Се нудеа некои групи што се генерациски многу блиску со ‘Дип парпл’, ама ние одлучивме да биде млад македонски бенд а и ‘Дип парпл’ сакаа млад македонски бенд“, вели Милошоски.

Влезниците се пуштени во продажба уште на 23 февруари по цена од 1.500 денари партер и 2.000 денари за Фан пит.

Дип парпл концерт Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.