Три години по кравиот напад во француското сатирично издание „Шарли Ебдо“, новинарите во редакцијата продолжуваат да живеат во страв, објавија француските медиуми. Првото издание за годината доаѓа со карикатура со наслов „Три години во конзерва“.
Нападот се случи на 7 јануари 2015 година кога беа убиени 12 луѓе, од кои повеќето беа членови на уредничкиот тим. Напаѓачите беа двајца француски исламисти, поддржувачи на Ал Каеда.
Денес, во Париз се одржа комеморативна церемонија за жртвите на нападот, на кој присуствуваше и францускиот претседател Емануел Макрон.