НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

500.000 евра завршија на отпад, нема одговорност за исушените палми

0
By Нова ТВ on April 25, 2017 ПОЛИТИКА
фото: Фејсбук
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Македонски шуми“ и Град Скопје си ја префрлаат вината за исушените палми кои во 2015 година беа поставени низ неколку градови на државата, а деновиве тие завршија на отпад. Утрово на социјалната мрежа „Фејсбук“, се појавија фотографии од палми кои натоварени во камиони се носат на отпад.

На местото на исушените палми, кои граѓаните ги чинеа 500.000 евра, деновиве ќе никнат јавори, кои според директорот на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ се донација и за нив не е потрошен ниту денар.

„Има неколку преживеани палми, но во консултација и со Градот, одлучивме сите палми низ градот да бидат извадени. Јаворите лично ги обезбедив, и тие се донација од фирма која подолго време соработува со претпријатието“, изјави директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ.

Жарко Караџоски, директор на претпријатието, обвинува дека палмите угинале од негрижа, а од Град Скопје чии јавни претпријатија беа надлежни за одржување на палмите, велат дека тоа било проект на „Македонски шуми“.

„Морам да ви кажам дека се јавувате на погрешна адреса“, ни рече директорот на „Македонски шуми“, кога го прашавме што се случи со палмите и дали некој ќе понесе одговорност.

„Нас ни беше наложено да ги набавивме палмите. Да ги засадиме и да ги предадеме на локалните самоуправи кои требаше да се грижат за нив. Ние кога ги засадивме, сите беа зафатени, некои презимија, некои не. Но со оглед на тоа што во Прилеп палмите преживеаја, и таму имаше минусни температури, а на други места палите не презимија, можеби не било до температурите, туку до грижата“, рече Караџоски.

Иако и од Градот и од „Македонски шуми“ ги убедуваа граѓаните дека палмите можат да ги издржат ниските температури, сега никој од нив не споменува одговорност за потрошените пари на граѓаните. Од државната каса се извадија 500.000 евра за да се купат палмите кои „го красеа градот“ цели три години.

„Во однос на информациите објавени на неколку медиуми, Градот Скопје, во интерес на вистинитото и правилно информирање, уште еднаш ја потсетува јавноста, дека палмите кои беа засадени во Скопје во 2015 година, не е проект на Град Скопје, туку се работи за дел од проектот кој го реализира Јавното претпријатие ’Македонски Шуми’. Со овој проект, покрај останатите градови во нашата земја, беа опфатени и Град Скопје и општините во главниот град, но за нивната набавка не беше потрошен ниту еден денар од буџетот на Град Скопје“, пишува во реакцијата на Градот.

На местото на исушените палми, деновиве ќе никнат јавори, кои според директорот на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ се донација и за нив не е потрошен ниту денар.

„Има неколку преживеани палми, но во консултација и со Градот, одлучивме сите палми низ градот да бидат извадени. Јаворите лично ги обезбедив, и тие се донација од фирма која подолго време соработува со претпријатието“, изјави директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ.

„Македонски шуми“ за палмите што лани во мај беа засадени низ градовите во Македонија,плати 500 евра по стебло или вкупно околу 522.000 евра за 1.100 садници.

Фото: Мета

Егзотичните дрвца беа набавени преку фирмата Друштво за производство, трговија и услуги „Россен центар ДООЕЛ експорт-импорт“ од село Стримница, Желино.

Јавниот оглас за овие палми беше распишан во 2015 година, кога Јавното претпријатие побара „економскиот оператор кој ќе се пријави да достави сертификат за здравствена состојба на садниците или уверение за нивната здравствена состојба, декларација и земја на потеклото, школуваност на садниот материјал, како и контејнерот во кој се нуди бараната димензија.

Кога се распиша огласот за набавка на палмите, Жарко Караџоски, директорот на „Македонски шуми“, изјави дека цената на овој вид палми се движи од 200 евра нагоре, а можат да преживеат и на минус 15 Целзиусови степени.

Главниот град првпат доби палми во 2010 година, кога беше отворена Градската плажа и за околу десетина палми беа платени речиси 25.000 евра.

500.000 евра Град Скопје Македонски шуми одговорност палми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.