Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

55 години од земјотресот во Скопје: Почнува рутата на солидарноста

0
By Нова ТВ on July 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамките на манифестацијата „Зборува Скопје“ денеска почнува Рута на солидарноста, односно панорамско разгледување на Скопје.

Во паркот Мајка Тереза (платото пред зградата на ЕВН) во 11 часот, ќе почне „Рутата на солидарноста“, поточно граѓаните ќе имаат можност со автобуси панорамски да го разгледаат Скопје со фокус на случувањата поврзани со катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Поаѓање од местото каде-што е родена Мајка Тереза паркчето  пред зградата на ЕВН на плоштад, автобусот се движи покрај Старата железничка станица, продолжува кон населбите Тафталиџе 1 и 2 (населби изградени со помош на светската солидарност), ќе се помине покрај улиците (Варшавска,Прашка, Лондонска,Осло, Хелсинки..) преку Московска по булеварот Партизански одреди се поминува спроти поликлиника Букурешт (подарок од Романија), поминува покрај местото на уништените блокови во Карпош 2, па покрај Универзална сала (подарок од Бугарија), па покрај блоковите од Градски ѕид (проект на архитектот Кензо Танге), па покрај стариот театар и околу зградата на МОБ (за скопјани се уште позната како МНТ) турата завршува повторно на плоштад кај родната куќа на Мајка Тереза (платото пред зградата на ЕВН).

Оваа прошетка има термин и во 17 часот и ја организираат ЈСП Турс, ЈСП Скопје и Град Скопје во рамките на манифестацијата „Зборува Скопје“.

Турите ќе се изведат со професионален туристички водич, а ќе се реализираат на 24, 25 и 26 јули, со две поаѓања, во 11 и 17 часот . Двете тури на 24 јули ќе бидат бесплатни, а за преостанатите цената на билетот ќе изнесува 150 денари.

Манифестацијата која почна вчера и до 26 јули со низа настани  ја одбележува 55- годишнината, за утре 25 јули најавува изложба во КИЦ, а централниот настан ќе се одржи во галеријата Графити во ГТЦ ( кај автобуската постојка) во 20.30 часот со краткометражен филмски колаж на Дина Дума, театарски перформанс на Билјана Радиноска и музичка програма; и во 22 часот концерт на  Mammoth &Yashem, концерт наТодор Караколев, импров сесија со музичари од новата скопска сцена.

„Зборува Скопје“ почна вчера во Музејот на град Скопје со враќањето на буквите од пораката на солидарноста на источната страна од музејот.

годишнина земјотрес Рута на солидарноста Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.