Во еден суд во Мичиген на северот на САД денес дојде до пукање од пиштол во 21.3о часот според европско време, пукање од кои загинаа три лице помеѓу кои е и човекот кој пукал. Има и едно рането лице.

Според телевизијата ABC news, еден човек кој бил пренесуван во затвор, успеал да го земе пиштолот на еден од полицајците и почнал да пука.

Жртвите биле вработени во судот како судски извршители, објави ABC news цитирајќи еден вработен во одделот за обвинителството.