Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

691 апликација на четири јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари

0
By Mirjana on July 10, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 10, 2022 13:08

Пристигнати се вкупно 691 апликација на четирите јавни огласи за доделување под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари кои ги распиша Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Вкупната површина која со овие четири јавни огласи беше ставена на располагање е 4.294 хектари распределени во 31 регион низ државата.

Намената на овие четири јавни огласи е за подигнување на долгогодишни насади и оранжерии за период до 30 години, подигнување на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигнување на маслинарници за период до 50 години, поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри за период до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности за рурален туризам до 30 години.

„Бележиме голем интерес кај земјоделците на сите мерки и огласи на МЗШВ. За таа цел, само преку распишаните седум јавни огласи на располагање на земјоделците и земјоделските стопанства ставивме вкупно 13.785 хектари земјоделско земјиштe со површини до и над 3 хектари, со намена за обработка на житни култури, подигнување на долгогодишни насади и производство на сточна храна“, информираат од МЗШВ.

Во тек се два јавни огласи за доделување под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари за подигнување на долгогодишни насади и за производство на сточна храна. Вкупната површина која со овие два јавни огласи се става на располагање изнесува 3.769 хектари. Рокот за аплицирање истекува на 21 јули, а огласите се достапни на следните линкови, посочуваат од Министерството за земјоделие.

http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2688
http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2689

Целта на Министерство е секоја слободна и обработлива педа земја да биде дадена на земјоделците и ставена во функција за производство на храна. Исто така, МЗШВ разгледува и модел како слободното приватно земјоделско земјиште кое не се обработува да биде ставено во функција за обработка и производство на храна.

 

голем интерес за закуп на земјоделско земјиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.