Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шесте англиски тимови се повлекуваат: Дали е ова крајот на Европската Супер Лига?

0
By НОВА ТВ on April 21, 2021 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 21, 2021 11:09

Сите 6 англиски тимови решија да ја напуштат Европската Супер Лига. Овој потег започна со објавите на Манчестер Сити и Челси дека тие ќе го напуштат новоформираниот проект и потоа истиот беше проследен од страна на останатите 4 англиски клубови – Арсенал, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем — кои исто така се откажаа од проектот. На 19 април беше објавена Супер лигата со учество на овие 6 англиски тимови, како и Реал Мадрид, Барселона, Атлетико (Шпанија); Милан, Интер и Јувентус (Италија). Дваесет клуба требаше да учествуваат во Европската Супер Лига. На 12-те клубови основачи требаше да им се придружат уште три клубови, а на тие петнаесет требаше да им се придружат уште пет тимови кои требаше да се рангираат годишно врз основа на спортските перформанси од претходната сезона.

Кога Европската Супер Лига беше најавена пред само 3 дена, проектот се соочи со огромен број на негативни реакции од страна на политичари, Европската Фудбалска Асоцијација (Уефа), но и од страна на фановите. На пример, фановите на клубот Челси дури и организираа протест пред фудбалскиот стадиот Стамфорд Бриџ во Фулхам пред натпревар на клубот против Бриџтон. Chelsea Supporters’ Trust, фан клуб на тимот Челси кои присуствуваа на протестот покрај Стамфорд Бриџ, излегоа со особено силни критики нарекувајќи го потегот „крајно предавство“ и „непростливо“.

„Ова е одлука на алчност за да се редат џебовите на оние што се на врвот и беше донесена без внимание за лојалните поддржувачи, нашата историја, нашата иднина или иднината на фудбалот во оваа земја,“ изјавија од Chelsea Supporters’ Trust.

Играчите и тренерите на тимовите кои пробаа да ја формираат Европската Супер Лига имаа различни реакции околу формирањето на истата, како и нејзиното напуштање. Откако сите шест премиерлигашки клубови се оддалечија од предложениот турнир во вторникот вечерта, тренерот на Челси, Томас Тухел инсистираше на тоа дека сопствениците кои се пробаа да ја создадат Европска Супер Лига се грижат за натпреварувањето и конкуренцијата во фудбалот, имплицитно одговарајќи на главните критики на овој проект околу тоа дека го уништува натпреварувачкиот дух на фудбалот со тоа што група на елитни тимови се собираат на едно место со минимална можност за промена на овој состав во Супер Лигата.

Некои од играчите на овие големи тимови, пак, реагираа на социјалните мрежи со хумор. Ајмерик Лапорте од Манчестер Сити напиша на Твитер: „That was quick lol“ (Тоа беше брзо хаха), а друг играч од истиот тим, Рахим Стерлинг напиша „Ok bye“ (Ок чао).

Новинарот од Супер Лигата, Роб Харис, пак, смета дека повлекувањето на проектот се случи поради големиот притисок што го осетија овие тимови. Тој сепак смета дека е потребна промена во фудбалот. Но мислењето на Харис не е многу популарно, особено од страна на фанови кои не сакаат да се формира оваа Супер Лига.

„Како навивачи, сакаме да го видиме Арсенал како игра на натпревари засновани на спортски заслуги и рамнотежа на конкуренцијата. Ќе сториме се што можеме за да се спротивставиме на ова,“ кажаа од фан клубот Arsenal Supporters’ Trust. Слични реакции имаше и од фан клубовите на Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем.

Во написот на Бен Џојс за британското списание Tribune, тој објаснува дека поради финансиската структура на европскиот фудбал, Европската Супер Лига е практично логичен заклучок на долгогодишни случувања. Џојс смета дека низ годините фудбалските клубови се одделиле од нивните локални заедници и полека станале еден вид брендови – на пример, Манчестер Јунајтед има проценета вредност од 1.65 милијарди долари.

Иако анализата на Џојс држи вода, прашање е што всушност значи повлекувањето на сите англиски клубови од Супер Лигата и експресното распаѓање на овој проект. Дали неуспехот на Супер Лигата значи победа за фудбалските фанови на долг рок или пак во прашање е комбинација на покомплексни политички сили кои доведоа до овој резултат?

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.