Околу 70.000 жители на Франкфурт ќе мораат да ги напуштат своите домови поради британска бомба од 1.8 тони, која датира од Втората светска војна – пренесува „Sputnik news“.
– Засега не постои опасност. Локацијата на бомбата е обезбедувана од полиција. Поради големината на бомбата, големи евакуациски мерки се неопходни. Отстранувањето на бомбата е закажано в недела – соопштуваат од полицијата.
Бомбата е најдена во вторникот, за време на градежни активности. Ова е една од најголемите војни во германската пост-воена историја. Се проценува дека на тлото на Германија лежат уште десетици илјади бомби.