Околу 70 товарни возила чекаат влез во Грција на преминот Евзони. Поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, од два часот ноќеска на возилата не им е дозволено да ја преминат границата.
„Грчките полициски службеници не известија дека од 2 часот по полноќ, не им се дозволува на тешките товарни возила влез во Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата“, стои во соопштението од МВР.