Последните 24 часа, направени се 1.828 тестови, а регистрирани се нови 897 случаи на КОВИД-19: Скопје – 384, Битола – 66, Струмица – 47, Прилеп – 43, Куманово и Кавадрци – по 41, Велес – 37, Охрид – 36, Тетово – 26, Струга и Неготино – по 19, Гостивар – 17, Штип – 16, Радовиш – 13, Кичево – 12, Дебар – 10, Гевгелија и Демир Хисар – по 8, Кочани и Крива Паланка – по 7, Валандово и Кратово – по 6, Ресен, Берово и Свети Николе – по 5, Пробиштип и Крушево – по 4, Виница и Пехчево – по 2, Богданци – 1.
Од вкупниот број на позитивни (897), регистрирани се 215 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Скопје (80г и 83г) двете лица се починати  во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин  не се  регистрирани починати лица.
Бројот на активни случаи изнесува 4.901.