Меѓународната федерација на новинарите објави  дека 93 новинари се убиени во 2016 година додека ги извршувале своите работни задачи. Претходната 2015 година 112 новинари ги загубија животите извршувајќи ја својата работа. 

Федеарацијата на новинари регистрирала дека новинарите биле убиени во разни напади, бомбашки и со огнострелно оружје.

Најмногу медиумски работници се убиени во арапскиот свет и Блискиот исток , таму има 30 убиени, во Азија и Пацифик загинале 28 новинари,  Латинска Америка е со 24 загинати, Африка со осум и Европа со тројца убиени новинари, се вели во извештајот на ИФЈ со седиште во Брисел.

По земји, во Ирак се убиени 15 новинари, во Авганистан 13, во Мексико 11, во Јемен осум, во Гватемала и во Сирија по шест, како и во Индија и Пакистан по пет.

Покрај убиствата, 29 новинари загинаа во две воздухопловни несреќи, во Колумбија и во Русија, со што светот во 2016 година останал без 122 новинари.