НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Молотови коктели врз Музејот на албанската азбука во Битола

1
By Нова ТВ on March 7, 2017 ПОЛИТИКА
Од инцидентот лани ФОТО СДК.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утрово околу 4 часот, четири маскирани лица фрлиле со молотови коктели врз Музејот на албанската азбука во Битола. Директорот Нуер Арслани за порталот СДК.мк потврдил дека лицата сакале да го запалат објектот, но не успеале.

– Музејот беше нападнат со молотови коктели од четири маскирани лица. Се обидоа да го запалат, но за среќа не успеаја. Ги искршија само стаклата, изјави Аслани.

Напаѓачите се снимени од камера поставена на објектот. Снимката е дадена на битолската полиција.

Инцидентот го потврдуваат и од СВР Битола, според чии првични информации, од молотовите коктели оштетени се влезната врата и прозорецот на вториот кат од Музејот, како и спомен-плочата на Музејот.

Повеќе детали околу истрагата ќе бидат соопштени по добивањето на конкретни информации, потврди Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Во ноември лани, непознати лица кои се уште не се открени ги искршија прозорците на Музејот и залепија налепници како на двоглав орел со сабја му се сече главата.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ го осуди инцидентот  и оценуваат дека се работи за изолиран случај кој мора да биде осуден од страна на сите со цел да се спречи евентуална негова злоупотреба за партиски и политички цели.

– ВМРО-ДПМНЕ смета дека негувањето на историјата и културата на секој народ е суштествено право и особено значаен елемент на едно мултикултурно општество какво што е македонското.  Ги повикуваме надлежните органи побрзо да го расветлат случајот и виновниците да бидат санкционирани, се вели во партиската реакција.

Оттаму потенцираат дека овој инцидент бил обид на одредени сценаристи да предизвикаат дефокусирање од актуелните политички случувања во државата.

Инцидентот го осудија и од СДСМ и очекуваат надлежните органи во најбрзо време да го расветлат случајот.

– Предупредивме дека  насилството и омразата поттикнати лично Никола Груевски и поддржани од Ѓорге Иванов водат кон штетни и опасни последици по граѓаните и по Република Македонија. Мнозинството граѓани на изборите на 11 декември се изјаснија против политиките на поделби, изолација, омраза и нетрпеливост на досегашната власт и избраа заеднички живот во едно општество за сите, се вели во соопштението од СДСМ.

Од оваа партија, сметаат дека оттука „произлегуваат  сценаријата што имаат за в=цел  да предизвикаат конфликт и судир помеѓу граѓаните и да ја продлабочат политичката криза во Македонија со цел да се спасува Никола Груевски со соработниците од одговорност за криминалите – нема да успеат!“

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов најостро го осудува денешниот инцидент во Битола. Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека тој верува дека ова е изолиран случај и повикува инцидентот да не се злоупотребува за партиски, политички цели и за манипулација на јавноста.

Тој апелира и до секој поединец да се однесува одговорно и да ги има предвид можните последици од ваквите инциденти.

 

молотови коктели Музеј на албанската азбука
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.