Министерот за внатрешни работи Агим Нихиу по денешната средба со претседателот на ЗНМ, Насер селмани, информираше дека СВР Скопје поднел кривична пријава против еден од напаѓачите на екипата на А1он. Нухиу дополни дека СВР Скопје во наредните денови ќе поднесе кривична и против други лица кои се осомничени во случајот.
Никој не е над законот, секој еден ден ќе сносни одговорност. Ние мора да ги почитуваме уставните вредности , државните и демократските институции, порача Нухиу.
Претседателот на ЗНМ оценува дека Нухиу воведува нова практика, бидејќи МВР за прв пат во кратко време идентификува напаѓач на новинар. Исто така, на Нухиу му доставил листа на нерешени случаи на напади на новинари за која се надева дека МВР ќе преземе мерки да ги расчисти.
Воедно ЗНМ и МВР ќе разговараат да се создаде посебен регистар за напад на новинари.