Едно лице е убиено денеска на аеродромот Орли во Париз, откако се обидело да земе пиштол од еден од војниците кои го обезбедуваат аеродромот.
Делови од аеродромот Орли во Париз се евакуирани, а на патниците не им е дозволено да го напуштат аеродромот.
https://www.youtube.com/watch?v=BmxnjWlhJV4
Операцијата за обезбедување на аеродромот продолжува, а вклучен е и бомбашки тим.
Орли е вториот по големина аеродром во Париз.