Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Згасна контроверзниот „Институт Павел Шатев“, никнаа еден куп нови

1
By Нова ТВ on March 21, 2017 ПОЛИТИКА
фото од трибина во организација на „Институтот Павел Шатев“
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 21, 2017 17:05

По 5 години постоење згасна контроверзното здружение „Институт Павел Шатев“ – Скопје. Одлуката за бришење е донесена од Собранието на здружението на 2 март, а денеска и официјално е избришано од Централниот регистар.

Овој институт беше основан во 2012 година на истата адреса на која живее претседателот на здружението, Ивана Петровска. Дел од основачите имаа  високи функции во државни институции.

Гордана Симоноска беше раководител на правната служба во Македонска Пошта, а како основач беше и Златко Јанковски, екс портпарол на Секретаријатот за европски прашања.

Институтот „Павел Шатев“ редовно лиферуваше предизборни анкети за убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.

Последната анкета што ја објави „Павел Шатев“ беше пред последните избори во декември 2016 година, кога уверуваа дека за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 27,8 проценти од испитаниците, а 16,2 отсто за СДСМ.

Институтот освен анкети за рејтинзи, организираше и трибини и работилници, а гости беа од екс премиерот Никола Груевски до министри и директори на државни институции од ВМРО-ДПМНЕ.

Медиумите во текот на 5-те години постоење на „Павел Шатев“ се обидоа да му влезат во трагата на ова здружение, но на официјалната адреса во скопската населба Чаир никогаш немаше никој.

За петте години функционирање, „Павел Шатев“ немаше своја интернет страна, освен Фејсбук група на која објавуваше информации и фотографии од своите активности.

Јавна тајна е дека ова здружение, како и невладината со иста намена „Димитрие Чуповски“, беа формирани од ВМРО-ДПМНЕ со цел да создаваат анкети за голема предност на партијата, а потоа преку провладините медиуми кај јавноста да се создаде впечаток дека ВМРО-ДПМНЕ е непобедлива.

Згаснувањето на „Павел Шатев“ се случува во време кога никнуваат нови патриотски здруженија кои ќе се залагале за подигнување на националната свест на Македонскиот народ, зачувување на унитарноста, идентитетот и јазикот на државата. Како што објави НОВА ТВ, Само во последната недела се формираа здруженијата: „МПО Лавови Битола“, „Национален фронт“- Прилеп,  фондацијата „Македонско наследство Тодор Александров“, а денеска во Централниот регистар беше заведена и невладината „Непокор“ од Струга.

ВМРО-ДПМНЕ Институт Павел Шатев патриотски здруженија Тодор Александров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.