Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија на мегдан со Лихтенштајн: Зицер што не се промашува

0
By Нова ТВ on March 24, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 24, 2017 13:54

Лихтенштајн е зицер што не смее да се испушти. Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20,45 ч.) во Вадуц го игра петтиот натпревар во квалификациите за СП 2018 во Русија. По четирите порази досега, на ред е дуел со аутсајдерот во групата Г против кој е илузорно да се потенцира дека треба или мора да се победи.

„Поквалитетни сме, но мора да дадеме максимум, да одиграме како што ќе се договориме, да го испорачаме она што ќе се побара од нас. Ако бидеме на нивото од претходните четири средби, тогаш нема да имаме проблеми. Ова е натпревар во кој нема фаворит бидејќи и тие и ние сме без бодови досега во овој циклус“, истакна капитенот Горан Пандев.

Однапред добиени натпревари се најтешки за добивање во фудбалот. Многупати досега сме биле сведоци на резултати што биле спротивни на очекуваните и преку туѓи искуства, но и преку сопствени на клупски и репрезентативен план. Таквите прилики носат одреден притисок меѓутоа не треба да донесе контраефект со противници каков што е вечерашниот.

„Во фудбалот нема лесни противници. Го кажав тоа при собирот на подготовките во Скопје, го повторувам тоа и сега во Вадуц. Ако сакаме да победиме ќе мора ние да бидеме на максимално ниво, на нивото на кое бевме на минатите средби. Разликата овојпат треба да биде победа, исход во кој сите веруваме и очекуваме“, вели Игор Ангеловски, селектор на Македонија.

Поволна вест за него е дозволата за настап што ја даде делегатот на натпреварот за Стефан Спировски. Вардарецот беше под „неизвесни“ поради имобилизаторот на десната рака што мора да го носи за заштита на фрактурата на базата на палецот на десната рака. Но, сега е извесно дека играчот од средниот ред ќе биде опција за вечерашниот дуел против Лихтенштајн.

Вечерва (20,45 часот) се играат уште две средби од групата Г покрај, вкупно, деветте во квалификациите. Шпанија во Хихон го дочекува Израел, а Италија на Сицилија е домаќин на Албанија.

Квалификации за СП 2018

Денеска играат

Група Д

Грузија – Србија (Тбилиси/18 ч.)
Република Ирска – Велс (Даблин/20,45 ч.)
Австрија – Молдавија (Виена/20,45 ч.)

Група Г

Лихтенштајн – Македонија (Вадуц/20,45 ч.)
Шпанија – Израел (Хихон/20,45 ч.)
Италија – Албанија (Палермо/20,45 ч.)

Група И

Турција – Финска (Анталија/18 ч.)
Косово – Исланд (Скадар/20,45 ч.)
Хрватска – Украина (Загреб/20,45 ч.)

квалификации за СП 2018 Лихтенштајн Македонија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.