Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО:Одговорност од судијките Јосифовиќ и Михајлова за несовесна работа

0
By Нова ТВ on March 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 28, 2017 15:50

Специјалното јавно обвинителство до Советот за утврдување на факти, поднесе претставки за утврдување на одговорност на судиите Елена Илиевска – Јосифовиќ и Татјана Михајлова. Со претставките е побарано да се испита работата на судиите од аспект на нестручно и несовесно вршење на судиската функција.

Како што пишува во образложението на претставката, таа е поднесена поради нестручно и несовесно работење на судијката Елена Илиевска Јосифовиќ од одделението за организиран криминал. Во образложението на СЈО се вели дека таа постапките ги водела пристрасно, со злоупотреба на положбата и пречекорување на службените овластувања. Исто така, објаснето е и дека судијката постапувала несовесно, ненавремено и немарно што предизвикало одложување на судската постапка без постоење на законски основ. Според СЈО ваквото однесување на Илиевска – Јосифовиќ се повторувала во повеќе случаи кои таа ги води за ова обвинителство.

Случајот за кој Илиевска – Јосифовиќ ја доби претставката е „Трезор“ во кој осомничен е поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

За судијката Михајлова, претставката е поднесена за случајот Насилство во општина Центар во кој обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и други лица.

Во образложението се вели дека Михајлова, постапката ја водела пристрасно, особено во однос на еднаквиот третман на странките, со намерно повредување на правилата за правично судење, злоупотребување на положбата и пречекорување на овластувањата.

„Основаноста и неодложноста на потребата од покренување на постапка за утврдување на одговорност за вршење на судиска функција од страна на Михајлова произлегува од фактот дека постапката се наоѓа во фаза кога е закажана главна расправа, што значи дека обвинителниот предлог не е отфрлен, но сепак  судијката оневозможува да се започне главна расправа“, се вели во образложението.

насилство во Центар претставка СЈО случаи Совет за утврдување на факти Трезор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.