НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Караѓозоска: Од 300.000 невработените паднаа на 100.000

0
By Нова ТВ on June 10, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За седум месеци, колку што сум во Хрватска, посетив 20 градови со цел да се онбоват економските односи во интерес и на Македонија и на Хрватска. Постои голем интерес во хрватските компании во Македонија, и обратно, македонската економија сака да влезе на хрватскиот пазар, кој наскоро ќе стане дел од пазарот на ЕУ. Нашите два народи имаат долга традиција на пријателство, која треба да се продлабочи со посилна соработка во областа на економијата и туризмот – изјави амбасадорката на Македонија во Хрватска, Даниела Караѓозоска, за време на посетата на темошната општина Решетари, која се побратими со нашата Општина Илинден, пренесува тамошното RadioNG.org .

Како што домаќините можеле да дознаат од разговорот со амбасадорката Караѓозоска, Македонија брзо се извлекувала од економската депресија, за само неколку години бројот на невработени паднал од наследените 300.000 на околу 100.000 луѓе, јасно се одвоени давачките за социјална помош (30 евра месечно) од платата која се добива од работа и со тоа за поранешните корисници на социјална помош работата станала попожелен извор на приходи. Со новата политика за наталитет политика за секое 3, 4 или 5 дете мајките имаат трајни приходи во форма на плати и доживотни пензии, зголемени се странските инвестиции, а за домашните стоки Македонија бара пазари преку развој на силни економски врски со соседите и ЕУ.

Амбасадорката во Решетари ја посети локалната галерија, фабриката за кожи и спомен обележјето на Тоше Проески.

Инаку, како што е познато, бројот на невработени во земјава никако не паднал од 300 на 100 илјади, туку државата ги отежна условите потребни за пријавување како невработен и ги подели невработените во две групи. А, кога станува збор за странските инвестиции, пак, тие во првите три месеци годинава паднаа 34 отсто, а лани паднаа три пати во однос на преклани – завршија на ниво од 104,8 милиони евра во 2012 за разлика износот 336,8 милиони евра во 2011 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.