Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сините шлемови на културата за заштита на културното наследство

0
By Нова ТВ on April 1, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 1, 2017 19:02

Прва Г7 средба на културата помеѓу седумте најразвиени земји се одржа на 30 и 31 март во Фиренца. Знак дека меѓународната заедница се мобилизира за заштита на светското наследство на човештвото во областите во кои има војни и области во кои се случуваат природни катастрофи.

Пред една година беше креирана првата специјална сила за интервенција на иницијатива на Италија и УНЕСКО наречена “сини шлемови на културата”. Во неа учествуваат шеесетина експерти кои имаат задача да интервенираат низ целиот свет на барање на УНЕСКО или на барање на земјата жртва во воен конфликт или природна катастрофа.

“Светското наследство треба да се спаси” е слоганот на оваа прва средба на Г7 на културата. Средбата ја иницираше Италија со желба да покаже дека сака да игра главна улога во заштитата на светското културно наследство.

“На почетокот на овој проект ние во Владата направивме проценка која покажа дека Италија поседува светски културен лидершип поради богатството на нашето историско наследство. Италија сака оваа акција да ја претвори во меѓународен план за да може поимот на културна дипломатија да влезе во агендите на сите нации”, изјави Дарос Фраческини, италијанскиот министер за култура.

“Намерното уривање на светското наследство е воено злосторство. Тоа стана воена тактика која има за цел да ги ослабне општествата и да ги парализира заедниците, да шири омраза и одмазда преку стратегија на културно чистење”, изјави Ирина Бокова, директорката на УНЕСКО.

Оваа Г7 средба доаѓа по конференцијата во Лувр во Париз која се одржа од 20 до 24 март на која учествуваа Саудска Арабија, Франција, Обединетите арапски емирати и УНЕСКО. Беше одлучено да се соберат 100 милиони долари до 2019 година за заштита на светското наследство во областите во кои има конфликт и тоа без географски ограничувања и за сите закани како уривање, кражба, шверц.

На оваа конференција беше подвлечено дека нападите врз светското културно наследство може да биде злосторство против човештвото и воен криминал според меѓународните закони па според тоа, авторите можат да бидат изведени пред суд.

Минатиот септември еден џихадист од Мали беше осуден на 9 години затвор од страна на Меѓународниот кривичен суд во Хаг поради уривање на мавзолеите во Томбукту.

Оваа прва Г7 средба на културата беше еден вид вовед во цела серија Г7 тематски средби. Тие ќе се одржуваат на маргините на Г7 средбите на шефови на држави и влади и ќе се однесуваат на животната средина, транспортот и здравството. Следната средба на Г7 е закажана на26 и 27 мај 2017 година во Таормина на Сицилија.

Г7 средба на културата Ирина Бокова светско културно наследство Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.