Најмалку 112 животи однесе свлечиште во Колумбија, бран предизвикан од силните дождови во регионот што паѓаат повеќе недели.
Колумбскиот претседател Хуан Мануел Сантос изјави дека ги известиле за 112 жртви:
“Не знаеме колку жртви ќе има, продолжуваме да бараме”, рече тој пристигнувајќи во Мокоа на југот на земјата.
Бранот кал однесе мостови, автомобили и цели куќи. Засега 200 лица се исчезнати а 188 се ранети. Бројот на жртвите не е конечен и службите за помош стравуваат дека бројот ќе биде многу голем.
“Бројот на жртвите расте на импресивен начин”, изјави колумбискиот Црвен крст.
Катастрофата ја предизвика истекување на три реки околу градот Мокоа кој има 40.000 жители.
Силните дождови се последица на климатскиот феномен Ел Њињо. Тој донесе поплави во Перу каде загинаа 101 лице а 900.000 останаа без домови.