Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Следни во СЈО – Груевски и Протогер

24
By Нова ТВ on April 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 2, 2017 09:46

Никола Груевски и Мартин Протогер се следните функционери на ВМРО ДПМНЕ кои треба да се појават на распит за предметот „Титаник“ на Специјалното Јавно обвинителство, објави Телевизија 24.

Според информациите на Телевизијата, тие двајца се дел од функционерите со кои СЈО ја прошири истрагата за изборни нерегуларности.

Телма објави дека Груевски досега двапати го одложувал распитот, со тоа што преку своите адвокати испратил оправдување дека поради обврски не може да се јави во закажаниот термин. Втората покана била за понеделникот, но Груевски доставил  известување дека ќе биде на конгресот на Европските народни партии во Малта. Иако Конгерсот на Малта почнуваше во средата, Груевски преку Истанбул замина  два дена претходно, денот кога требаше да се појави во СЈО. Поради оправдувањето дека не може да дојде на распит, закажан му е нов трет термин за наредните денови.

На 28 февруари, обвинителката Катица Јанева изјави дека истрагата за предметот „Титаник“ е проширена за нови 17 лица за кривични дела против изборите и гласањето за кои постои основано сомневање дека се сторени во периодот од 2011 до 2014 година.

-Од преслушувањето на доставените аудио-фајлови кои досега не беа објавени беше утврдено дека 5 од осомничените лица делувале како создатели на групата, а се работи за функционери во власта. Останатите осомничени се членови на групата и се вработени како службени лица во повеќе државни органи, рече Јанева.

„Титаник“ е првата истрага на Специјалното јавно обвинителство и се однесува на изборни нерегуларности. Првоосомничени во процесот се екс министрите за внатрешни работи и транспорт и врски, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски, поранешниот генерален секретар на владата, Кирил Божиновски како и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.

Досега во СЈО се јавиле Јанкулоска и Јанакиески, актуениот министер за здравство Никола Тодоров, некогашниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски, а во петокот бил и пратеникот Илија Димовски.

Груевски е осомничен и во уште еден предмет на СЈО, за насилставата во општина Центар за кој веќе има и судски процес и обвинение.

 

Груевски Протогер СЈО Титанки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.