Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Граѓаните покажаа дека сакаат да продолжат по европскиот пат

0
By Нова ТВ on April 3, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 3, 2017 08:57

Досегашниот премиер, а сега претседател на Србија, Александар Вучиќ, вели неговата победа на вчерашните претседателските избори е „чиста како солза“ и само се покажало во која насока Србија сакаат да се движат, односно како што вели Вучиќ, тие се изјасниле за реформски процес.

Вучиќ потенцира дека зад него стојат повеќе од два милиони гласачи, кои учествувале на изборите и дека добил 12 отсто повеќе гласови од сите други кандидати заедно.

– Горд сум што добив огромен број гласови во услови кои за нас не беше лесно, за нас ова е важен ден, изјави Вучиќ од седиштето на неговата партија СНС.

– Кога ќе се додадат и оние кои не се директно против, огромното мнозинство во Србија се за продолжување на процесот, да продолжиме по европскиот пат, да се одржи традиционалното пријателство со Русија и Кина, рече Вучиќ меѓу другото во својот говор.

Тој вели драго му е што победил уште во првиот круг со тешка и напорна работа.

– Ова значи дека луѓето го разбрале она што го правиме, иако знаеле како е да се живее со вакви проблеми кои народот се соочува. Многу е важно што граѓаните јасно ставија до знаење дека сакаат да се движат напред, побрзо, подобро, посилно, и тие сакаат проблемите што побрзо да се решат. Ние треба да веруваме дека можеме да постигнеме добри резултати, а не тоа да биде прашање дали некој ќе направи одредена комбинација, рече Вучиќ.

Новата влада, како што најави тој, ќе се формира за околу два месеца, а несомнено е дека за премиер ќе постави негов близок човек.

Вучиќ воедно, по победата му се заблагодари и на претседателот Томислав Николиќ со кој доаѓаат од иста партија.

Според резултатите од РИК од преброени 91,65 отсто од гласовите, Вучиќ освоил 55,13 проценти, Саша Јанковиќ 16,25, Лука Максимовиќ 9,43, Вук Јеремиќ 5,64 и Војислав Шешељ 4,47 од гласовите.

Останатите кандидати заедно освоиле 7,41 проценти од гласовите. Излезноста била 54,55 отсто.

Вучиќ претседател Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

ВЕСТИ May 14, 2026

Кинескиот претседател Ши Џинпинг го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг со формална воена…

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.