НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шиповиќ ја повлече својата оставка од претседател на Советот на Центар

0
By Нова ТВ on April 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, ја повлече својата оставка од функцијата.

Претставникот на советничката група од СДСМ, Ѓошо Вангелов, пред почетокот на седницата на Советот го повика Шиповиќ да ја повлече оставката и побара да најдат заеднички јазик со градоначалникот.

Шиповиќ побара 10 минутна пауза за размислување и го повика Жерновски на консултација. По неколкумиутната средба, претседателот на Советот ја повлече оставката, како и втората точка, на која требаше да се избере нов претседател на Советот.

Во изјава за медиумите, Шиповиќ рече дека одлуката за повлекување на двете точки кои се однесуваат на неговата оставка, ги донел по консултации со советничката група на СДСМ.

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, изјави дека очекувал на денешната седница да се избере нов претседател на Советот, а дека повлекувањето на оставката од страна на Шиповиќ е негов индивидуален чин. Познато е, посочи Жерновски, дека недоразбирањата се од пред 2 и пол години, кога ВМРО-ДПМНЕ го изгласа спорниот ДУП на Водно, кој овозможи изградба на десетокатница и улогата на Шиповиќ во носењето на овој ДУП.

Шиповиќ вчера за НОВА ТВ ги објасни причините зошто се повлекува од оваа позиција.

„Оставката ја поднесувам поради неможноста да остварам соработка со градоначалникот. Досега некако комунициравме, последните два месеца не комуницираме воопшто. Мислам дека е најдобро да се повлечам од функцијата и да дојде некој нов претседател на Советот, кој што можеби ќе оствари добра комуникација и соработка со градоначалникот“, вели Шиповиќ.

 

Андреј Жерновски Мирослав Шиповиќ Општина Центар оставка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.