Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот не го одложи изборот на новото раководство на Лекарската комора

0
By Менче Атанасова Точи on April 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 6, 2017 16:09

Нема одложување на изборите за ново раководство во Лекарската комора. Основниот суд Скопје 2 не донесе времена мерка за одложување и одговори негативно на тројцата лекари кои поднесоа тужба до граѓанскиот суд и бараа да се одложат изборите за да се поништи новиот статут по кој треба да се спроведуваат. Лекарите најавија дека ќе ја обжалат оваа одлука на граѓанскиот суд.

„Ќе ја обжаливме одлуката, изборите се одвиваат во сите градови во државата. Денеска на гласањето во Тетово е избркана нашата претставничка со полиција. Тоа е докторка која с е наоѓа на листата и требаше да седи таму да ја следи регуларноста на гласањето. Но, од Лекарската комора стигнала наредба да ја тргнат од таму“, изјави за НОВА, Лилјана Чолакова Дервишова член на сегашниот извршен одбор на комората.

Гласањето се одвива во сите градови во државата, започна во седум часот наутро и ќе трае до 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките кутии. Се избираат 20 делегати. Во понеделник најверојатно ќе има конститутивна седница на Собранието по што ќе се избира претседател и новото раководство.

„Ние реагиравме на Статутот кој беше донесен со двотретинско мнозинство и си го направија според нивните потреби. Според овој Статут, заменикот си го назначува ново избраниот претседател самиот“, вели Чолакова Дервишова.

Како што веќе објави НОВА, Лекарската комора цела година ги одлагаше изборите за нов претседател. Тројцата лекари поднесоа тужба заради така изгласаниот Статут, а Чолакова Дервишова обвини дека е донесен  незаконски, исто како и донесените правилници и закон за доктори.

Таа вели дека со новиот статут кој е изгласан набрзина, мандатот на претседателство е неограничен наместо со два мандата како до сега.

Статутот забранува во извршните тела да членуваат претседатели на лекарски здруженија, кои се всушност најинформирани за витални прашања на лекарите од внатрешноста. Чолакова Дервишова побарала  отчет и транспарентност во деловниците кои ги прогласиле за тајна, по што и биле затворени вратите на комората. Најголемиот конфликт избил кога реагирала на масовните вработувања на блиски роднини на првиот човек на комората и неговите заменици. По ова,  таа била дадена на судот на честа, по што следувала и тужба.

избори Лекарска комора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.