Три лица загинаа откако камион влета во толпа народ во центарот на Стокхолм во Шведска.
Шведската полиција извести дека повредени се и десетици лица.
„Имаме многу полиција на местото на настанот, но се уште немаме никакви бројки“, велат за „Си ен ен“.
Инцидентот се случил во 15 часот по локално време, на една од најпрометните улици Квин стрит.
Сведоците на настанот велат дека камион во движење влетал во излог од продавница и наеднаш имало десетици тела на подот.