Компанијата Орка Холдинг АД Скопје денеска ги демантира информациите од вчерашната прес конференција на Златко Марин, претседател на Општинска организација на СДСМ, поврзани со сопственост на земјиште во скопската населба Аеродром, каде беше спомената и оваа компанија.
– Орка Холдинг преку една од своите ќерки фирми поседува удел од 20 отсто во фирмата Масив Констракшн. Ниту Орка Холдинг, ниту која било од нејзините ќерки компании никогаш не подигнале кредит на тоа земјиште и никогаш не го заложиле под хипотека, се вели во реакцијата.