Над 100 војници на Авганистан се убиени или повредени по вчерашниот напад врз нивната база од страна на Талибанци, информира министерството за одбрана на Авганистан.
Борбите траеле неколку часа во близина на градот Мазар-е Шариф, а биле нападнати и џамии.
Талибанците ја прифатија одговорноста, и не кријат дека стоеле зад нападот во кој употребиле бомбаши-самоубијци за да ги пробијат авганистанските сили.
Утре е прогласен Ден на жалост од страна на авганистанската влада.
Американските команданти тврдат дека убиен е и првиот командант на Талибанците, Кари Тајиб во воздушен напад кој се одвивал на 17.април.