НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Утрински весник“ во сабота ќе го издаде последниот број

0
By Нова ТВ on April 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По речиси две децении работа, во сабота својот последен број ќе го издаде весникот „Утрински весник“.

Љубиша Станковиќ, претседателот на синдикатот на весникот, на својот фејсбук ја објави веста за згаснување на „Утрински“.

„После цели 18 години, благодарение на лошото менаџирање на Срѓан Керим, во сабота, ќе згасне УТРИНСКИ ВЕСНИК”. Треба да се запамети името на оној кој ќе го погребе весникот!“, напиша Станковиќ на Фејсбук.

Според досегашните информации весниците „Утрински“ и „Вест“ ќе станат веб-портали со по неколку вработени, а останатите ќе завршат на улица.

Тој е еден од весниците кој го издава МПМ, чии новинари штрајкуваа поради неисплатени плати. Тие бараа средба со сопственикот Срѓан Керим, но неговата врата остана затворена за новинарите.

Во меѓувреме, отворена беше нова фирма, со слично име, Медиа Принт ДООЕЛ, кој објави неколку огласи за вработувања на новинари и уредници. Новата фирма близначка е во сопственост на Александар Динев, дел од актуелниот менаџмент на МПМ.

Како што пишува Призма, во Основниот суд Скопје 2 за 10 мај е закажано рочиште на кое ќе се одлучува дали фирмата „Графички центар“ ќе оди во стечај. Имотот на фирмата е замрзнат и преминат во рацете на привремен стечаен управник.

Како што дознаваме, предлогот за стечај бил предложен од две фирми, една тетовска и една бугарска, кои имале побарувања од „Графички центар“.

„Графички центар“ е сопственик на Медиа Принт Македонија (МПМ), издавач на  весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“, „Македонски спорт“, „Теа модерна“ и порталот „Телеграф“.

Сопственици на „Графички центар“, пак, се „Телеграф“ (со удел од 3,4 милиони евра) и „Мирекс“ на Срѓан Керим (со удел од 1,7 милиони евра).

МПМ новинари последен број стечај Утрински весник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.