Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва се отвора “МакеДокс“

0
By on June 15, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 15, 2013 11:02

Култниот документарен филм „Скопје ’63“ на режисерот Вељко Булајиќ, вечерва, во 20 часот, во Куршумли-ан, ќе го означи почетокот на четвртото издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

„Скопје ‘63“ претставува авторски поглед и коментар на настаните непосредно пред, за време и по катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26-ти јули 1963 година. Преку изворни материјали и со совршено вклопени инсценации се прикажани разурнувањата и последиците од земјотресот, расчистувањето на урнатините, последниот поздрав со загинатите, помошта што Скопје ја прими од земјата и од странство и обновата на градот.

Веднаш потоа следува проекција на оскаровскиот документарец „Барајќи го Шугармен“ на режисерот Малик Бенџелао, со кој ќе почне и натпреварувачката програма на фестивалот.

Филмот е посветен американскиот пејач и текстописец Сиксто Родригез. Иако неговите албуми се продадени во околу 500.000 копии (и тоа во земја полна со забрани), Родригез останува мистерија. Приказните за него одат дотаму што некои велат дека на концерт во САД самиот се запалил на сцена, па дури и дека починал. Иако денес важи за еден од најголемите таленти на своето време, тој ја завршува својата кариера нечујно, несвесен за сопствената популарност во другите делови на светот. Дваесет и пет години подоцна, кога ќе излезе вториот албум на Родригез, двајца негови обожаватели тргнуваат во неверојатна авантура, во потрага по вистината за овој мистериозен музичар и за рекордната продажба на неговите албуми.
0 коментари

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.