НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одговорните за повреди на новинари брзо да бидат изведени пред правда

0
By Нова ТВ on April 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската полиција и обвинителството треба брзо да ги изведат пред правдата одговорните за повреди на најмалку двајца новинари во нападот на Собранието, бара Комитетот за заштита на новинарите (КЗН) со седиште во Њујорк.

“Полицијата има одговорност да ги штити граѓаните, вклучително и новинарите, без разлика кој политичар е на власт. Не смее да се дозволи насилни групи да ги напаѓаат новинарите и да останат неказнети каде и да е. А тоа е особено срамно во демократска нација која бара членство во ЕУ”, изјави Нина Огњанова, координатор на КЗН за Европа и Централна Азија.

Димитар Тануров, новинар во независната агенција Мета, е дел од околу 100 лица, вклучително најмалку 7 пратеници, кои беа повредени во нападот. Тануров изјавил за КЗН дека фотографирал во Собранието со мобилен телефон кога насилните демонстранти му се заканиле, го зеле неговиот телефон и му рекле да престане да слика. Потоа и други демонстранти се придружиле и почнале да го удираат.

“Кога ја видоа мојата пред карта и медиумот за кој работам ме нарекоа предавник, ми го зедоа телефонот и продолжија да ме удираат додека лежев на подот”, изјавил Тануров. Според него, непознато лице го тргнало од тоа место и потоа надвор од зградата. Тануров имал повеќе повреди на лицето и главата но не бил хоспитализиран.

Во соопштението на КЗН се наведува и нападот врз Никола Ордевски, камерман од независната агенција Макфакс.

Уште најмалку четворивца новинари кои го покривале инцидентот биле туркани, удирани и добивале закани а им била земена и опремата но не биле сериозно повредени, наведува КЗН повикувајќи се на Балкан Инсајт.

“Според медиумските извештаи и видеата од Собранието, полицијата на почетокот на интервенирала и им дозволила на демонстрантите да влезат во зградата. На прес конференција министерот за внатрешни работи Агим Нухиу (….) им рекол на новинарите дека полицијата не ја завршила својата работа и дека дел од безбедносните сили биле под политичко влијание”, вели соопштението.

КЗН е невладина организација која работи низ целиот свет за заштита на новинарите.

Комитетот за заштита на новинарите напад на новинари новинари Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.