НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонец награден на фестивал за краток филм во Франција

0
By Светлана Јовановска on June 16, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На реномираниот меѓународен фестивал за анимиран филм во Анеси, Франција, најстар на светот (основан во 1960 година), добитник на втората награда во категоријата краткометражен филм е Александар Џони-Шопов, првиот Македонец што успеа да се пробие на врвот на аниминариот филм на овој фестивал.


Pictureless (Concours Annecy 2013 + de courts) by a_dzone

Џони – Шопов има 30 години и од своето детство живее во Париз, дипломирал на Високата школа за илустрација и анимација Емил Кол во Лион и во Париз, работи како аниматор или дизајнер на декор во повеќе продуцентски куќи и работи на проекти за телевизиски серии.

На фестивалот конкурираа над 200 филмови во различни категории како краткометражни, долгометражни, серии, едукативни. Секоја од овие категории добива награда.

”На конкурсот се пријавив со самостоен проект и добив втора награда. Со оглед на огромната конкуренција и високиот квалитет на пријавените филмови навистина сум пресреќен што се пробив на врвот”, вели Џони-Шопов.

Оваа година тема на категоријата каткометражен филм беше ”Нозете во вода, главата во слики”. ”Оваа тема ме инспирираше во изработката на филмот кој е комична критика на светот во кој живееме и во кој доминира сликата”, вели Џони-Шопов.

Наслов на филмот е ”Pictureless” (Без слики). Еден ден во Анеси се појавува ”мрачниот демон на мрачината” и на граѓаните им го краде најскапоценото: ”Не семејството ниту пријателите туку – сликите! Одеднаш луѓето повеќе не можат да играат видео игри или да гледаат филмови па мораат да се занимаваат со музика, спорт, сликарство…”, раскажува авторот на филмот.

Наградите ги додели американскиот продуцент Брајан А. Милер, генерален директор на Cartoon Network Studios во Калифорнија а членови на жирито беа францускииот новинар Стефан Леблан и американскиот режисер Бил Плимптон.

Oд лево на десно: Александар Џони Шопов (Македонија, Втора награда), Оливје Витра (Франција, Трета награда), Брајан А. Милер (генерален директор на Cartoon Network Studios во Калиформија, Ави Офер, Израел, Прва награда, Патрик Евено (Директор на Меѓународниот фестивал на анимиран филм во Анси)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.