НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врховен суд: Живко Митревски не е претседател на ССМ

0
By Нова ТВ on May 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Врховниот суд, одлучувајќи во корист на синдикатите кои беа исклучени од Сојузот на синдикати, од страна на Живко Митревски, му наложил на Управниот суд да го врати решението на Фросина Ременски со кое треба да се впише Дарко Димовски како нов претседател на Сојузот на синдикати.

Според решението, Управниот суд треба да постапи во прилог на “исклучените“, а адвокатот Звонко Давидовиќ денеска на прес-конференција образложи дека ваквата одлука на Врховен значи дека треба да се спроведе решението на Министерството за труд и социјална политика со кое Дарко Димовски треба да се впише како претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Давидовиќ истакна дека нема рок во којшто Управниот суд треба да донесе одлука, но се надева дека судот ќе постапи по решението на Врховниот суд. Според него, во целиот процес на избор на претседател на ССМ и негово впишување во Централниот регистар направени се неколку отстапки. Централниот регистар, како што појасни, постапил надвор од овластувањата, а министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими донел решение во прилог на Живко Митревски врз основа на бланко изјави со поддршка од претседателите на гранковите синдикати во ССМ.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митревски тврди дека решението на Врховниот суд е донесено врз основа на нелегитимни документи и фалсификувани печати.

Тој тврди дека биле употребени фалсификувани печати од некој кој се претставил лажно како ополномоштен претставник на ССМ и доставил жалба до Врховниот суд со која се бара бришење од Централниот регистар на претседателот на ССМ.

– Со ова се направени дополнителни кривични дела за кои сторителите дополнително се пријавени со проширување на кривичните пријави и со поднесување на мерки за обезбедување и притвор поради повеќекратното повторување на кривичните дела, истакна Митревски.

Врховен суд Живко Митревски исклучени синдикати синдикати Сојуз на синдикати ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.