ЧСМ Букурешт го освои бронзениот медал на Фајналфор турнирот во женската Лига на шампиони. Откако беше детронизиран од ЖРК Вардар во полуфиналето, романскиот првак во меч за третото место го совлада Будуќност со 26:20 (полувреме: 13:12). Црногорскиот тим, кој останува без победа на завршните турнири, со ист резултат беше поразен во полуфиналето од Ѓер.
Изабела Гулден со своите девет гола од исто толку обиди беше најефикасна ракометарка во утешното финале во„Ласло Пап“ арена. Таков статус во поразената екипа имаше Катарина Булатовиќ која го заврши натпреварот со пет погодоци.
За титулата во ЛШ во моментот играат Ѓер и ЖРК Вардар.