Претседателот Иванов ја одликува Националната установа Македонска опера и балет со Орден за заслуги за Македонија. Наградата во име на МОБ ја прими директорот Игор Дурловски, еден од организаторите и водачите на протестите на „Заедничка Македонија“.
„Орденот се доделува по повод 70 години од основањето на Македонската опера и балет, а особено за успешното презентирање и промовирање на македонското и на светското творештво од областа на оперската и на балетската уметност, со што даде исклучителен придонес за збогатување на македонските културни вредности и за афирмација на Република Македонија во светот, пишува во објавата на официјалната Фејсбук страна на претседателот Ѓорѓе Иванов“.