Рафаел Надал го прекина тригодишниот пост против Новак Ѓоковиќ и го победи со 6-2, 6-4 за да се квалификува во финалето на Мадрид опен.
Во недела, Надал во финалето ќе игра против победникот од дуелот Доминик Тим (Австрија) – Пабло Куевас (Уругвај).
Ѓоковиќ и Надал одиграле 50 меча еден против друг, а Србинот има една победа повеќе од шпанскиот тенисер.
„Прекрасен резултат. За да го победите Ѓоковиќ мора да играте многу, многу добро, инаку тоа е невозможно, рече Надал по тениското полуфинале.
„Ова беше многу важен натпревар за мене. Изгубив неколку пати по ред“, дополни Надал.
Според Ѓоковиќ, Надал е заслужен за својата победа бидејќи играл на високо ниво.
„Заслужи да победи. Не играв многу квалитетно и направив многу грешки. Тој играше на високо ниво. Во првиот сет правеше што и да посака“, изјави Новак Ѓоковиќ по натпреварот.