Претстојниот Ролан Гарос ќе биде посиромашен за Роџер Федерер. Швајцарскиот тенисер го откажа учеството на вториот годинашен гренслем и покрај најавите дека ќе пауза токму до Париз.
„Мислам дека е да ја пропуштам целата сезона на земја и да се подготвам за турнирите на ттрева и на тврда подлога. Размислував и заклучив дека играта на земја не е во интерес на мојот тенис и физичка подготовка за проолжение на сезоната. Се гледаме на Ролан Гарос во 2018 година“, наведе Федерер во соопштението до јавноста.
Ролан Гарос почнува на 28 мај и ќе трае до 11 јуни. Единствената титула на Федерер на Отвореното тениско првенство на Франција е во 2009 година. Бранител на тронот во оваа сезона е Нова Ѓоковиќ.