Завршниот турнир за млади тенисери во ноември во Милано ќе се одигра по нови правила, најави Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП). Целта, како што се наведува во соопштение на организацијата, е забрзување и модернизација на играта.
Најголемите промени се однесуваат на траење на сетот што е замислено да се игра на четири добиени гема со тај-брејк при 3:3. При 40:40 ќе нема предност туку играчот што нареден ќе освои поен ќе освои и гем.
Ќе нема строго запазување на правилото за 25 секунди меѓу два сервиса, а при „нец“ е планирано играта да продолжи. Дозволена ќе биде и комуникација меѓу тенисерите и тренерите, но само од боксовите, како и движење на публиката на трибините за време на мечевите.