Јувентус не пропушти прилика за потврда на својата доминација во италијанскиот фудбал. „Бјанконерите“ го освоија трофејот во националниот куп по победата над Лацио со 2:0. Стрелци во финалето на „Олимпико“ беа Дани Алвеш во 12 минута и Леонардо Бонучи во 24. за 12 пехар на „старата дама“ во натпреварувањето.
Тимот на Масимилијано Алегри е на чекор и до освојување на шестата титула во низа во Серија А, вкупно 33. во клупската историја. Покрај третата двојна круна во домашната сцена што е на дофат, екипата од Торино има можност да ја заврши сезоната и со пехарот во Лигата на шампиони за што на 3 јуни во Кардиф ќе игра против Реал Мадрид.
https://www.youtube.com/watch?v=ocoj8KwfhM8