НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фирма од даночниот рај Бахами, доверител во „Графички центар“

0
By Нова ТВ on May 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фирма од Бахамските Острови индиректно се појавува како еден од доверителите на компанијата „Графички центар“ која од денеска е во стечај. Станува збор за „Мерит Интернешнл ДОО“ од Бахамските Острови, а директор е бугарскиот државјанин, Цанко Комаров.

По денешната објава на интернет сајтот на Централниот регистар за почнување на стечајна постапка на „Графички центар“, НОВА ТВ ги провери фирмите кои се јавуваат како доверители.

 

Станува збор за фирмите Друштво за производство, трговија и транспорт Доника и Мујадин ДООЕЛ експорт – импорт од Тетово и “ПОЛИГРАФСНАБ” АД од Софија, Бугарија.

Од фирмата од Тетово, за НОВА ТВ изјавија дека „Графички центар“ од нив купувала хартија за печатење на весниците и дека им должи околу 70.000 евра.

 

Втората фирма ја проверивме во бугарскиот централен регистар и како сопственици на “ПОЛИГРАФСНАБ” АД од Софија се јавуваат Цанко Комаров, Ивајло Данов и компанијата од Бахамските Острови „Мерит Интернешнл ДОО“. Цанко Комаров фигурира како директор и во бахамската фирма.

Колку должи „Графички центар“ на оваа фирма засега е непознато, освен што е познато дека во последниот период раководството на „Медиа Принт Македонија“ хартија набавуваше од Бугарија. На сајтот на фирмата “ПОЛИГРАФСНАБ” пишува дека се занимава со производство на повеќе видови на хартија, меѓу кои и за весници.

Компанијата „Графички центар“  е сопственик на Медиа Принт Македонија (МПМ), издавач на весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“, „Македонски спорт“, „Теа модерна“ и порталот „Телеграф“.

До пред неколку месеци во сопствеништвото на „Графички центар“ беа и „Орка Холдинг“ на бизнисменот, Јордан Камчев и компанијата „Интернет Инвестмент груп“ чиј сопственик е Јана Станисављева. По нивното повлекување, во сопственичката структура остана единствено Срѓан Керим преку неговата фирма „Мирекс“.

 

Во меѓувреме, отворена беше нова фирма „Медиа Принт ДООЕЛ“, каде се префрлени дел од новинарите, а поголем дел од вработените фирмата ги прогласи за технолошки вишок.

 

 

Бахамски острови весници Графички центар доверители Јана Станисављева МПМ Орце Камчев стечај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.