Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев оптимист: ЕУ прави напори за почеток на преговорите

0
By Светлана Јовановска on May 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 24, 2017 23:42

ЕУ прави напори да се започне со преговорите за членство во поглавјата 23 и 24. Мандатарот Зоран Заев во Брисел изрази оптимизам за перспективите на Македонија во ЕУ.

“Охрабрен сум за перспективите на нашата земја и земјите од регионот. Зборувавме за потребата од посилно фокусирање на ЕУ кон Западен Балкан што е за нас обврска повеќе за спроведување на реформите и исполнување на обврските за членство во ЕУ”, изјави Зоран Заев по средбата со Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини.

На прашањето на НОВА дали може да се очекува брзо започнување на преговорите за членство во поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на правосудството и владеење на правото, Заев изрази верување дека е можно да се отпочне на некоја форма на вакви разговори.

“Се прават напори во институциите на ЕУ да се отворат аспекти макар и технички како преговори за да се поддржат реформите во правосудството и безбедносните структури што е многу важно за имплементацијата на препораките на Прибе како и оние кои произлегуваат од годишните извештаи на Европската комисија”, изјави мандатарот Зоран Заев.

На средбата со премиерите од земјите од Западен Балкан се разговарало за унапредување на соработката во регионот. “Веруваме во овие пораки кои беа вечерва испратени од ЕУ кои се значајно охрабрување на граѓаните од целиот регион.

ЕУ има причини повеќе за интеграцијата на Западниот Балкан што е за нас обврска повеќе да им дадеме и наша причина европските институции да ја исполнат таа своја заложба, изјави Зоран Заев.

Според изјавите по средбата овој формат на состаноци на премиерите од регионот со Високата претставничка на ЕУ ќе се одржуваат и во иднина.

-Лидерите од регионот изразија целосна подготвеност да се посветат на интеграциските процеси на ЕУ како што беше потврдено од Европскиот Совет во март 2017 година. Тие ја нагласија својата решителност за зацврстување на соработката и создавање на конкретни резултати за граѓаните во регионот. Беше потенцирана нивната заложба за добрососедска соработка и продлабочување на меѓусебното разбирање преку взаемна почит и соработка. Високата претставничка ги охрабри шестмината премиери да ја забрзаат неопходната работа за да се исполнат очекувањата на граѓаните за приближување кон ЕУ, се вели во соопштението од Кабинетот на Могерини.

Брисел Заев Могерини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.