Зад Новак Ѓоковиќ е премиерна победа под водство на новиот тренер Андре Агаси. Прва жртва на српскиот тенисер со прославениот американски ас е Марсел Гранолјерс против кого славеше со 6:3, 6:4, 6:2 во воведниот настап на Ролан Гарос. По мечот изрази задоволство од својот настап иако се задржа два ипол часа на теренот. Истакна дека не чувствува притисок, дека сè уште не е на посакуваното ниво, но изрази верба дека се движи во вистински правец.
„Мечот траеше долго иако победив во три сета. Признание за Марсел кој цело време се бореше за секој поен. Помалку играше и „валкано“ и го нарушуваше мојот ритам“, истакна Ѓоковиќ по пласманот во второто коло во Париз.
Резултатот на прва води до заклучок за лесен триумф. За оние што, секако, го пропуштија првиот исчекор на Ѓоковиќ кон одбрана на тронот на Отвореното тениско првенство на Франција.
„При водство со 4:1 во вториот сет ми се причини дека се е супер, дека се оди според планот по што текот на работите се промени. Ме фати криза што, за среќа, ја пребродив. Генерално сум задоволен иако сум свесен дека сè уште не сум на нивото што сакам да бидам“, коментира вториот носител на вториот гренслем во сезоната.
Ѓоковиќ во второто коло го очекува дуел со Португалецот Жоао Соуса кој во на старот, пак, го елиминира Србинот Јанко Типсаревиќ во четири сета (4:6, 7:6, 6:2, 6:2). Полека ја враќа и самодовербата по загубениот контакт во 2016 година и подготвен е за максимален одговор на сите предизвици што му стојат на патот. Не само на Ролан Гарос туку и општо во сезоната.
„Притисокот до лани само растеше, а потоа дојде и турнирска победа. Ситуацијата сега е подруга. Свесен сум дека сите сакаат да одиграат најдобро против шампион, но истовреме сум свесен ека не сум прв во таква позиција. Најважно е дека почнав со победа на Ролан Гарос. Одиме понатаму“, заклучи Ѓоковиќ.

Во второто коло ќе игра и Рафаел Надал, еден од тројцата фаворити за парискиот трон, покрај Мареј и Ѓоковиќ, ако не и најголем. Шпанецот на стартот рутински го одработи Беноа Пер од Франција со 6:1, 6:4, 6:1 и наредното појавување во тенискиот комплекс ќе го има против Робин Хасе од Холандија.
Машкиот дел од гренслемот останува без нови тројца носители. Чехот Весели го порази Џек Сок од САД, рангиран како 14 на турнирот, со 7:5, 7:5, 6:3, Грузиецот Басилашвили го доби мечот со Жил Симон (31 носител) со 1:6, 6:2, 6:4, 6:1, а Италијанецот Наполитано приреди мало изненадување со победата над Миша Зверев (32 носител) со 4:6, 7:5, 6:2, 6:2.
Ролан Гарос – Комплетни резултати од втор натпреварувачки ден
МАЖИ, 1 КОЛО
Ѓоковиќ (2, Србија) – Гранолјерс (Шпанија) 6:3, 6:4, 6:2
Надал (4., Шпанија) – Пер (Франција) 6:1, 6:4, 6:1
Гаске (24., Франција) – Де Греф (Белгија) 6:2, 3:6, 6:1, 6:3
Басилашвили (Грузија) – Симон (31., Франција) 1:6, 6:2, 6:4, 6:1
Гофан (10., Белгија) – Матје (Франција) 6:2, 6:2, 6:2
Раониќ (5., Канада) – Дарсис (Белгија) 6:3, 6:4, 6:2
Чилиќ (7., Хрватска) – Гулбис (Летонија) 6:3, 6:3, 6:3
Бедене (В. Британија) – Харисон (САД) 6:4, 6:0, 3:6, 6:1
Арбер (Франција) – Доналдсон (САД) 6:4, 7:6, 6:4
Кравчук (Русија) – Делбонис (Аргентина) 6:3, 6:4, 7:6
Троицки (Србија) – Донској (Русија) 7:6, 6:4, 6:0
Дутра Силва (Бразил) – Јужњи (Русија) 4:6, 7:6, 2:6, 7:6, 6:2
Џонсон (25., САД) – Сугита (Јапонија) 6:3, 6:3, 6:7, 6:7, 6:3
Болели (Италија) – Мау (Франција) 6:2, 6:2, 6:2
Куевас (22., Уругвај) – Амо (Франција) 6:3, 6:2 6:4
Сепи (Италија) – Хиралдо (Колумбија) 4:6, 6:1, 6:2, 6:2
Стаховски (Украина) – Лу (Тајван) 6:3, 6:4, 7:6
Естрела Бургос (Доминиканска Република) – Габашвили (Русија) 6:7, 2:6, 7:6, 6:3, 6:2
Весели (Чешка) – Сок (14., САД) 7:5, 7:5, 6:3
Чориќ (Хрватска) – Бурже (Франција) 7:6, 6:3, 6:2
Шварцман (Аргентина) – Рублев (Русија) 0:6, 6:4, 6:2, 6:7, 9:7
Кикер (Аргентина) – Џумхур (БиХ) 6:3, 2:6, 6:3, 6:4
Наполитано (Италија) – М. Зверев (32., Германија) 4:6, 7:5, 6:2, 6:2
Фоњини (28., Италија) – Тифо (САД) 6:4, 6:3, 3:6, 1:6, 6:0
Баутиста Агут (17, Шпанија) – Милман (Австралија) 6:2, 6:2, 0:6, 6:1
Ферер (30., Шпанија) – Јанг (САД) 5:7, 6;3, 4:6, 6:3, 13:11
Соуса (Португалија) – Типсаревиќ (Србија) 4:6, 7:6, 6:2, 6:2
Лопез (Шпанија) – Фратанџело (САД) 6:4, 7:6, 6:3
ЖЕНИ, 1 КОЛО
Мугуруза (4., Шпанија) – Скијавоне (Италија) 6:2, 6:4
Младеновиќ (13., Франција) – Брејди (САД) 3:6, 6:3, 9:7
Возњацки (11., Данска) – Форлис (Австралија) 6:4, 3:6, 6:2
Ка. Плишкова (2., Чешка) – Женг (Кина) 7:5, 6:2
Стосур (23., Австралија) – Кучова (Словачка) 7:5, 6:1
Парментие (Франција) – Хромачева (Русија) 6:3, 6:0
Бертенс (18., Холандија) – Томљановиќ (Австралија) 4:6, 6:1, 6:1
Линете (Полска) – Ли (Франција) 6:0, 7:5
Сепеде (Парагвај) – Шафарова (Чешка) 6:1, 6:4
Мертенс (Белгија) – Гаврилова (24., Австралија) 7:6, 1:6, 6:4
Ерани (Италија) – Дои (Јапонија) 7:6, 6:1
Контавеит (Естонија) – Никулеску (Романија) 7:5, 6:1
Белис (САД) – Лемон (Холандија) 6:3, 3:6, 6:1
Лепченко (САД) – Петковиќ (Германија) 6:4, 3:6 6:3
Витхефт (Германија) – Дејвис (25., САД) 2:6, 6:3, 6:3
Путинцева (27., Казахстан) – Герге (Франција) 6:3, 6:0
Веснина (14., Русија) – Хадад Маја (Бразил) 6:2, 3:6, 6:4
Хогенкамп (Холандија) – Јанковиќ (Србија) 6:2, 7:5
Ларсон (Шведска) – Вихљанцева (Русија) 6:4, 6:4
Дуке Марино (Колумбија) – Бегу (Романија) 7:6, 6:4
Коњух (29., Хрватска) – Ковиниќ (Црна Гора) 7:5, 7:6
Флипкенс (Белгија) – Минела (Луксембург) 6:3, 6:3
Рибарикова (Словачка) – Вандевеј (19, САД) 6:1, 6:4
Александрова (Русија) – Синијакова (Чешка) 6:4, 2:6, 6:2
Жанг (32., Кина) – Векиќ (Хрватска) 7:5, 6:4
Пављученкова (16., Русија) – Тиг (Романија) 6:1, 1:0 (Тиг го предаде мечот)
Абанда (Канада) – Андријанжафитримо (Франција) 6:3, 6:4
Жабер (Тунис) – Богдан (Романија) 6:3, 6:4