Заврши сагата за кормилото на Арсенал. Арсен Венгер ќе биде биде жител на Лондон и во наредните две години, откако се договори за продолжување на соработката по состанокот со газдата на клубот, Стен Кронке.
За иднината на францускиот менаџер се говореше цела полусезона. Како наближуваше крајот во Премиерлигата, така се зголемуваше и неизвесноста околу негово останување на клупата.
Кулминација, се чини, беше периодот пред финалето во ФА купот против Челзи чиј исход, за медиумите, беше пресуден за конечната одлука. А во него, „топчиите“ славеа со 2:1 за, на некој начин, спас на сезоната и, од оваа перспектива, за нов мандат на Венгер кој се согласил да остане на „Емирати“ за истата плата.
Арсенал за првпат во последните 19 години не е меѓу најдобрите четири екипи во Премиерлигата. Сезоната ја заврши како петтопласиран и наесен ќе биде дел од групите во Лига Европа.