НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата и денеска на седница ќе одлучува за кадровските решенија

0
By Нова ТВ on June 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска на пладне Владата ќе ја одржи втората седница. Дневниот ред на точките за кои ќе расправаат министрите се уште не е познат, но како што неофицијално дознаваме и на оваа седница ќе се одлучува за кадровски решенија.

На првиот работен ден на новата Влада, вчера, Министерството за финансии исплати 4 милијарди 174 милиони денари пензија за месец мај на 301.660 пензионери.

Исто така исплатени се и студентските стипендии во висина 118,2 милиони денари за изминатите 5 месеци колку што доцнеше исплатата.

Субвенции добија и земјоделците и сточарите во вкупна вредност од 439 милиони денари за субвенции, од кои за житни култури 114,1 милиони денари, за лозови насади 31,8 милиони денари, за градинарски култури 36,3 милиони денари, за мерката одгледување на говеда 100 милиони денари, за одгледување на овци 154 милиони денари и за млеко 2,7 милиони денари.

На првата владина седница, беа назначени и замениците премиери, а задолженија добија и министрите без ресор. Како што се наведува во соопштението, во Владата на Зоран Заев ќе има петмина вицепремиери:

–Радмила Шекеринска Јанковска, за заменичка на претседателот на Владата и министерка за одбрана

–Оливер Спасовски, за заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи

–Бујар Османи, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања

–Кочо Анѓушев, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори

–Хазби Лика, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем.

Определени се и надлежностите на седуммината министри без ресор. Од нив тројца ќе бидат задолжени за странски инвестиции: Аднан Ќахил, Зорица Апостоловска и Рамиз Мерко.

Во економскиот сектор ќе биде и Зоран Шапуриќ, кој езадолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

Роберт Поповски е задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, за дијаспората Едмонд Адеми, додека Самка Ибраимовски е задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија

За генерален секретар на Владата на Република Македонија е именуван Драги Рашковски, а за шеф на Кабинетот на премиерот Заев е назначена Мирјана Јанева, која доаѓа од Општина Струмица и важи за близок човек на премиерот.

На истата седница формирани се и основните комисии на Владата, како и Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, со кого ќе раководи Оливер Спасовски.

Влада кадровски прашања седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.